Последно

8/recent/ticker-posts

ЕЗЕРО ВИКТОРИЈА

ЕЗЕРО ВИКТОРИЈА


Езерото Викторија e најголемото езеро во Африка, а второ најголемо езеро во светот и главен резервоар на реката Нил. Езерото има груб четириаголен облик, а се наоѓа во средиштето на висорамнината што ги раздвојува западниот и источиот крак на  Големата раседна долина. Езерото Викторија ги опфаќа источните делови на Африка помеѓу државите : Танзанија , Уганда и Кенија. Езерото Викторија зафаќа површина  од 68 000 км2 и се наоѓа на 1.134 метри надморска височина. Неговата максимална длабочина изнесува  81 метар, додека пак просечната длабочина изнесува 41 метар. Во ова езеро се вливаат поголем број на реки, но најголема и најпозната е реката Кагера. Од Езерото Викторија извира реката Бел Нил, која се спојува со реката Син Нил што истекува од Езерото Тана во државата Етиопија кај главниот град на државата Судан, Картум формирајќи ја реката Нил која претставува најголемата река во Африка со должина од 6.650 километри и се влева во Средоземното Море. Езерото Викторија нема големи притоки - неговото ниво го одржуваат обилните врнежи и водата што дотекува од околните ридови.Бреговите на езерото Викторија се една од најгусто населените области во Африка. Тука се наоѓаат голем број на градови како што се: Букоба, Мванза и Мусома во Танзанија, потоа Кисума во Кенија и градовите Кампала, Ентебе и Џинџа во Уганда. Големиот број острови во езерото, исто така, се населени. Најнаселен е островот Укереве кој се наоѓа во државата Танзанија.

                           

Пораст на населението околу бреговите 
на Езерото Викторија



Северниот брег се одликува со многу долги и тесни полуocтрови, меѓу кои има мочуришни области што се прошируваат далеку од внатрешноста на копното и претставуваат засолниште на реткиот вид на големата антилопа ситатунга. Езерото е богато со животински свет, пред се со риби, но тука има присуство и на нилскиот крокодил.



Литература:

  1. Stuart, Hamilton (5 October 2016). "Shoreline, Lake Victoria, vector polygon, ~2015" (Data Set). Harvard Dataverse. 
  2. Stuart, Hamilton (13 November 2018). "Lake Victoria Statistics from this Dataverse" (Data Set). Harvard Dataverse.
  3. Hamilton, Stuart (Salisbury University) (2016). "Shoreline, Lake Victoria, vector polygon, ~2015" (Data Set). Harvard Dataverse.
  4. Hamilton, Stuart (2018). "Lake Victoria Statistics from this Dataverse" (Data Set). Harvard Dataverse.
  5. https://archive.org/details/africa0000read/page/6/mode/2up
  6. https://mk.advisor.travel/poi/Ezero-Viktorija-572
                
Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија

Post a Comment

0 Comments