СЕДУМ НАЈГОЛЕМИ
РУСКИ ГРАДОВИ
ВО АРКТИЧКИОТ РЕГИОН
Поради суровата клима и комплицираната логистика, нема многу луѓе во светот кои живеат во северните поларни области - само 4 милиони. Повеќе од половината од нив се државјани на Русија.
Околу 20% од територијата на Русија се наоѓа во северниот поларен круг. Повеќе од 2 милиони луѓе живеат таму. Тука е присутна поларната клима, а во најголемиот дел субполарната клима кои делуваат доста сурово и оневозможуваат добри услови живеење и развој на повеќе населби, туку само на градови. Затоа речиси целото население на Русија во северниот поларен круг живее во градовите. Неколку од нив се меѓу најголемите арктички населби во светот.
1. Мурманск (267 422 жители)
Најголемиот арктички град во Русија, воедно и во светот е градот Мурманск. Мурманск е пристаништен град и административен центар на
Мурманската област во северозападниот дел на Русија и лежи на брегот на
Колскиот Залив. Сместен е на 12 километри од Баренцовото Море, на северниот дел
на Полуостровот Кола, недалеку од границата на Русија со Норвешка и Финска. Овој град претставува едно од најголемите руски пристаништа.
Мурманск е основан во 1916 година и во текот на 20 век постојано бил во центарот на историските настани. За време на револуцијата, градот бил центар на Белото движење, како и база на странски сили кои се обидувале да влијаат на текот на настаните во Граѓанската војна. За време на Втората светска војна, Мурманск бил целосно уништен. Денешниот Мурманск се состои од згради направени од бетонски панели во периодот од шеесеттите до осумдесеттите години на 20 век и мал дел од згради од тули изградени во педесеттите години на 20 век. Секако, тука се наоѓаат и модерни трговски центри и модерни станбени комплекси. Во многу северни градови на Русија, вообичаено е да се украсуваат фасадите на зградите со мурали со светли бои. Вакви необични квартови може да се најдат и во предградијата на Мурманск.
Мурманск е основан во 1916 година и во текот на 20 век постојано бил во центарот на историските настани. За време на револуцијата, градот бил центар на Белото движење, како и база на странски сили кои се обидувале да влијаат на текот на настаните во Граѓанската војна. За време на Втората светска војна, Мурманск бил целосно уништен. Денешниот Мурманск се состои од згради направени од бетонски панели во периодот од шеесеттите до осумдесеттите години на 20 век и мал дел од згради од тули изградени во педесеттите години на 20 век. Секако, тука се наоѓаат и модерни трговски центри и модерни станбени комплекси. Во многу северни градови на Русија, вообичаено е да се украсуваат фасадите на зградите со мурали со светли бои. Вакви необични квартови може да се најдат и во предградијата на Мурманск.
2. Норилск (175 237 жители)
Вториот најнаселен арктички град во Русија е градот Норилск. Тој е индустриски град кој се наоѓа во Краснојарскиот регион, сместен источно од
реката Енисеј и јужно од Тајмирскиот полуостров.
Основан е во 1935 година, а статусот на град го стекнал во 1953 година. Првично бил изграден со принудна работа на затвореници до 1950-тите. Условите за живот во Норилск се меѓу најтешките во Русија. Освен снежни и долги зими овде дува и силен ветер. Овој град воедно е и голем индустриски центар каде се врши преработка на никел, бакар, кобалт и паладиум. За Норилск може да се каже дека претставува типичен советски индустриски град со украсен центар во стилот на Сталиновата империја, шарени згради и фабрики. Сепак, постојат исклучително интересни архитектонски решенија кои овозможуваат животот да се одвива дури и при лоши временски услови.
3. Воркута (56 985 жители)
Воркута е најисточниот град во Европа и третиот најнаселен град во Русија кој се наоѓа во Арктикот, а четврт најнаселен град на Арктикот по Тромсо во Норвешка.
Воркута е основан во 1936 година како рударска населба каде и денес се врши ископ на јаглен, а со статус на град се стекнал во 1943 година.
За време на Студената војна, Воркута бил воена база за стратешки бомбардери.
До 1991 година, во времето на распадот на СССР населението се зголемило и достигнало 117 илјади (а заедно со поширокото подрачје 216 илјади). Поради колапсот на претходниот економски систем и тешката економска криза, луѓето почнале масовно да ја напуштаат Воркута. На тоа, денес не потсетуваат речиси цели напуштени населби. Цените на становите во овој град се меѓу најниските, а локалните жители повремено подаруваат станови само за новите сопственици да можат да плаќаат комуналии. Има и луѓе кои ги донираат своите станови на градската управа.
На самиот почеток на овој век, многу рудници биле затворени поради зголемените трошоци за производство. Тогаш се појавиле и големи работнички немири.
4. Апатити (48 748 жители)
Овој град се наоѓа на крајниот запад од полуостровот Кола, односно во централниот дел на регионот Мурманск и административно припаѓа на градскиот округ Апатит, чијшто е и административен центар. Претставува петти најнаселен арктички град во Русија. Основан е во 1926 година како населба за градителите на железницата Мурманск. Градот го добил името по минералот апатит од фосфатната група, чии големи наоѓалишта се наоѓаат во непосредна близина. Интензивниот раст и развој на градот започнал за време на индустријализацијата, кога во областа било откриено наоѓалиште на минералот апатит.
Денес, Апатити е исто така и популарна туристичка дестинација. Посетителите се привлечени од планините Хибин и езерото Имандра.
5. Североморск (43 394 жители)
Шестиот најнајселен град во светот кој се наоѓа во северниот поларен круг е Североморск. Воедно тој е петиот најнаселен руски град кој се наоѓа во северниот поларен круг. Градот Североморск се наоѓа на крајниот северозапад од полуостровот Кола, односно лежи на источниот брег на заливот Кола, на околу 25 километри североисточно од градот Мурманск. Со Мурманск е поврзан по автопат и железница. Луѓето почнале да се населуваат овде на крајот на 19 век каде ја формирале и првата населба во 1896 година. Пред се тоа било рибарска населба која се нарекувала Ваенга по истоимената река која течњ низ овој град, но Североморск се здобил со статус на град дури во 1951 година.
Базата на руската северна флота се наоѓа во овој град и има статус на затворен град, т.е. влезот во градот е контролиран. Сепак, туристите го посетуваат со соодветни дозволи и во рамките на аранжманите на туристичките агенции.
6. Мончегорск (39 477 жители)
Ова е уште еден голем индустриски град кој се наоѓа во регионот Мурманск. Се наоѓа во централниот дел на Мурманската област на само 115 километри одалеченост до градот Мурманск.
Мончегорск е основан во 1935 година во близина на наоѓалиштата на никел и бакар во многу живописна средина. Статус на град стекнал во 1937 година. Од едната страна на градот се протега шума од бреза покрај бреговите на езерото Имандра, а од другата на градот се протега планинскиот масив Мончетундра. На врвот на планината, се наоѓа популарниот ски-центар „Лопарстан“.
7. Кандалакша (28 438 жители)
Кандалакша е еден од најјужните градови во регионот Мурманск, кој се наоѓа на околу 200 километри одалеченост јужно од градот Мурманск. Претставува седмиот најнајселен арктички град во Русија. Статусот на град го стекнал во 1938 година. Кандалакша е една од најстарите поморски населби на Белото Море, основана во 1526 година. Но, луѓето живееле во овие краишта уште порано, можеби пред неколку илјади години. Имено, во близина можат да се најдат мистериозни камени лавиринти чија намена до ден денес останува непозната.
Кон крајот на 19 век на овие простори се развила преработката на дрво, а потоа била изградена и железница и морско пристаниште. Во советската ера, била изградена фабрика за алуминиум која и денес работи.
Литература:
Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија
0 Comments