РЕПУБЛИКА ИНГУШЕТИЈА
Ингушетија влегла во составот на Руската Империја во 1810 година. Во 1860 година, по указот на императорот Александар II. во источната страна на Северниот Кавказ била создадена Терската област, во чиј состав влегле Чеченскиот, Ичкерискиот, Ингушетскиот и Нагорниот округ.После воспоставување на советската власт, во март 1920 година, Терската област била расформирана, а Чеченскиот (обединет со Учкерискиот) и Ингушетскиот (обединет со Нагорниот) округ станале самостојни територијални единки.
На 20 јануари 1921 година, Чеченија и Ингушетија заедно со Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија и Северна Осетија влегуваат во новосоздадената република Горскаја АССР.
На 7 ноември 1924 година, Горскаја АССР била расформирана и со тоа се создала Ингушска АО во состав на РСФСР.
На 15 јануари 1934 година била создадена Чеченско-Ингушетската автономна област, која на 5 декември 1936 година станала Чечено-Ингушка АССР (ЧИАССР).
Во февруари 1944 година, оваа република била расформирана, за после да влезе во составот на Северно-Осетинската АССР.
На 15 мај 1991 година, ЧИАССР е преименувана во Чеченско-Ингушетска Република, а на 1 октомври 1991 година со решение на Врховниот совет на РСФСР Чеченско-Ингушетската Република била разделена на Чеченија и Ингушетија.
Во состав на републиката се три административни региони на поранешната Чеченско-Ингушетиска република: Сунженcки, Малгобекски и Назрањски. За главен реон е избран поранешниот регионален центар Назрањ, а за нов главен град на републиката градот Магас.
Република Ингушетија
Литература:
2.http://v2.travelark.org/travel-blog-entry/crowdywendy/11/1568922030
0 Comments