
Малото езеро има форма на осмица, во најширокиот дел има должина од 8 метри, а должината и длабочината му се 15 метри, додека Големото езеро има должина од 35 метри, широчина од 15 метри, а длабочина од 15-18 метри.
Езерце во внатрешноста на пештерата Врело
Присуството на сталактити во водата, укажува дека порано во пештерата немало вода. Оваа констатација ја потврдува еден спелеолог и информира дека езерата се создадени по изградба на акумулацијата Матка во 1936 година.
Во пештерата има и таканаречена концертна сала од чија лева страна се таканаречените пишани камења. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо за чие толкување и дешифрирање треба стручна помош.
Во текот на 2008 година спелеонуркачка експедиција составена од врвни нуркачи од повеќе земји во светот започна со изтражување на оваа пештера.
Експедицијата се обиде да ја потврди теоремата, дека оваа пештера е најдлабока во Европа, а можеби и во светот. Пештерата Врело важи за една од најубавите подводни пештери во Европа која се карактеризира со голем број на сталактити и сталагмити, потоа со две езера, Големото и Малото, концертна сала и сл.
За најдлабока пештера во светот се смета Бушмановата дупка во Јужна Африка со длабочина од 282 метри што преставува и светски и гинисов рекорд во нуркање во длабочина во пештери.
Во 2008 година пештерата се наоѓање на 71 место по длабочина во светот со 100 метри, но со понатамошните изтражувања изведени во 2009 година пештерата дистигнал длабочина од 192 метри и се наоѓаше на 14 место во светот по длабочина на пододни пештери. Со изтражувањата изврешени во 2011 година стигнато е до длабочина од 220 метри, но со последните изтражувања достигнато е до 230 метри длабочина. Нуркачите се сигурни дека пештерата е подлабока.
Оваа пештера истотака беше и номинирана за избор на седумте светски природни чуда.
На 12 Август 2011-та година, пештерата Врело беше подготвена за туристи.
Литература:
2.http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/ns-newsarticle-ekskluzivni-snimki-kao-izgleda-pesterata-kaj-matka-na-230-metri-dlabocina-videofoto.nspx
3.https://www.igeografija.mk/Portal/?p=654
Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија
0 Comments