Последно

8/recent/ticker-posts

КАРСТНИ ПОЛИЊА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 КАРСТНИ ПОЛИЊА
 ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 Што се карстни полиња?

Карстни полиња се најголеми  форми на површинскиот карстен рејлеф. Тоа се длабоки, затворени или полузатворени депресии. Имаат форма на распространети котлини со зарамнето дно и стрмни страни. Должината може да им изнесува од неколку до над 60 км, додека нивната широчина е помеѓу неколку стотина метри до па се до 10-15 км. Дното на карстното поле е по правило рамно и изградено (препокриено) со резидијална глина и алувијални наноси. Дебелината на ваквиот растресит материјал достигнува и над 100 метри. Кај големите карстни полиња ваквата покривка може да биде создадена и со неогени и плеистоцени езерски седименти. Карстните полиња несекогаш имаат вакво препокриено дно. Страните на карстните полиња се стрмни и веднаш се издигнуваат над зарманетото дно. Дната на полињата се благо наведнати кон понорите во кои се губат речните текови.

                               Карстно поле

Каде можеме да ги најдеме?

Карстните полиња се јавуваат само во оние области во кои карбонатната маса  е со значителна моќност, има голема распространетост, а се одликува и со голема чистота. Такви се областите на Динарскот Карст, Пелопонез, Турција, Јамајка, Куба, Кина итн.

Каде ги има во Македонија?

Карстните полиња во Република Македонија се распостранети на неколку планини претежно во западниот дел. На територијата на Република Македонија можат да се издвојат 24 карстни полиња распространети на планините: Бистра, Јакупица, Галичица, Сува Планина Сува Гора, помеѓу планините Баба Сач и Лубен, Буковиќ и Кожуф.

Карстни полиња и нивната распорстранетост 
во Република Македонија

Меѓу сите карстни полиња со својата големина и карактеристични особини, најголмите пет карстни полиња се: Церското Поле, Тони Вода, Суво Поле, Солунско Поле и Брце.

Кое е најголемото карстно поле во Македонија?


Церско Поле е најголемото карстно поле во Република Македонија со вкупна површина од 45,5 км2. Изградено е во девонски мермери. Сместено е помеѓу стрмните планински страни на планините Баба Сач(1967 м),Љубен(1972 м),Бабењ (1124 м) и Краста(1180 м). Должината на полето во правец исток-запад инесува 7,5 км, а најголемата ширина изнесува 3,7 км. Во негова близина се наоѓаат селата Цер, Големо Црско и Мало Црско.





Литература:

1.Томе Андоновски – Карстни полиња во СР Македонија, Географски Разглед 27 (1979);   1-14 стр.

2.Драган Колчаковски – Геоморфологија, Скопје 2006



Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија

Post a Comment

0 Comments