ЛОНГЈИР
НАЈСЕВЕРНИОТ ГРАД
ВО СВЕТОТ
Поради присуството на поларната клима, а во некои делови и субполарната клима условите за населување и пристоен живот во северниот поларен круг се многу отежнати. Ниските температури, силните ветрови, како и заледените води на Северниот леден Океан и морињата ги прават местата во северниот поларен круг да бидат ретко населени. Иако во него има градови кои во најголем број се наоѓаат на копнените делови од континентите, пред се, Азија и Европа, а помалку во Северна Америка има и населби (градови) на некои од островите кои се наоѓаат во северниот поларен круг. Сепак во нив живее мал број на население.
Една од тие населби претставува најсеверната населба на светот.
Градот Лонгјир се наоѓа на островите Свалбард (Шпицбергшки Острови) кои претставуваат Норвешки архипелаг. Овој град е најголемиот на овие острови со вкупно 1,753 жители според податоците за 2020 година и преставува најсеверната населба во светот.
Населбата е основана во 1906 година од страна на Џон Mанро Лонгјир, индустријалец кој во 1901 година како турист ги постеил островите Свалбард. За време на таа посета се запознал со експедиција која била во потрага по јаглен. Во 1903 година Џон Mанро Лонгјир се вратил на Свалбард, каде што го запознал Хенрик Б. Нас во Адвентфјорден, кој му дал примероци и информации за полиња со јаглен. Заедно со неговиот соработник Фредерик Ајер како акционери во компанијата Arctic Coal Company започнале да се занимаваат со рударство, па така за кратко време за потребата на работниците биле изградени првите живеалишта, а подоцна и поголем број на живелишта за постојано живеење. Првите жители биле работниците во рудникот кој биле Норвежани и вработените во администрацијата на компанијата кои биле Американци.
Климата во овој град е субполарна со долги зими и кратки лета од 3-4 месеци. Иако се наоѓа близу до северниот пол, температурите сепак не се толку ниски. Во краткиот летен период температурите може да достигнат и до 20 °C степени, додека во зимските месеци температурата може да се спушти и до -15 °C. Поради својата местоположба во овој град има појава на поларни ноќи кои траат од крајот на месец Октомври па се до средината на месец Февруари и поларни денови кои траат од средината на месец Април до средината на месец Август.
Денес Лонгјир претставува развиен град во кој се одвива нормален живот. Во него се наоѓаат здравствени, образовни, културни и спортски установи за потребата на населението. Од образовните установи има основно и средно училиште, но и универзитет основан во 1993 година кој е под управа на Норвешкото Министерство за Образование и Наука и се бави со изтражувачки дејности од повеќе области. Има развиена патна мрежа од 50 километри, но главно превозно средство за населението се моторните санки. Во близина на Лонгјир на 3 километри северо-западно од него се наоѓа и единствениот аеродром на островите Свалбард.
Град во кој луѓето не умираат
Освен податокот што преставува најсеверен град во светот, Лонгјир е познат и по тоа што во него никој не умрел веќе 74 години. Умирањето во овој град е забрането со закон. Па така луѓето кои се разболеле и дошле близу фазата на умирање се транспортираат на друго место најчесто во Норвешка. Ако, сепак, се случи ненадејно да почине некој жител, неговото тело ќе биде итно пренесено и нема да биде закопано на островот. Овој закон е донесен од бизарна причина за да се заштити населението. Во 1950 година, случајно е откриено дека телата кои се закопани на градските гробишта не биле распаднати туку заледени. Како резултат на тоа вирусите во лешевите би можеле да преживеат и постои ризик од идни зарази.
Литература:
1. https://farm1.staticflickr.com/315/32361681255_cbc1488dc5_o.jpg
2.https://www.ssb.no/befolkning/artikler-og-publikasjoner/dette-er-svalbard/
3. Holm, Kari (1999). Longyearbyen – Svalbard: historisk veiviser
4. https://www.theguardian.com/education/2007/aug/29/schools.uk1
5.https://www.losethemap.com/wp-content/uploads/2017/12/Svalbard-16.jpg
6.https://mybestplace.com/uploads/2017/05/Longyearbyen-Svalbard-Norvegia-SLIDER.jpg
7.https://www.lifeinnorway.net/wp-content/uploads/2023/02/727A5B22-B001-4993-8781-53AE0A3DCD7E.jpeg
8. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/26/University-Centre-in-Svalbard.jpg
9.https://s27363.pcdn.co/wp-content/uploads/2018/09/Longyearbyen-in-June.jpg.webp
10.https://www.vecer.press/%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D1%83-%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%B5-%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D1%83%D0%BC%D1%80%D0%B5/
Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија
0 Comments