Последно

8/recent/ticker-posts

Кои се најголемите острови во Светот?

 10-те најголеми острови во Светот


Што е остров?


Остров претставува копно кое е обиколено од сите страни со вода (океан, море, езеро или река во зависност од неговата местоположба), па така тие можат да бидат и речни и езерски острови кои уште се нарекуваат и Ада. Островите кои се геолошки или геоморфолшки поврзани едни со други и претставуваат една група (пример: Филипински острови, Балерски острови итн.) се нарекуваат архипелаг.

     
Кои се 10-те најголеми острови во светот?

10. Островот Елесмер
Претставува десетти најголем остров во светот. Зафаќа површина од 196,236  километри квадратни и е трет најголем Канадски остров. Одделен е од Гренланд со каналот Кенеди и припаѓа на групата Острови на Кралицата Елизабета. Островот е дом на вториот по големина национален парк во Канада.


9. Велика Британија
Островот Велика Британија се наоѓа во северниот дел на Атланскиот океан и претставува дом на Обединетото Кралство, кое ги вклучува државите Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска. Овој остров е најголемиот остров во Европа, со површина од 209,331 километри квадратни. Има повеќе од 65 милиони жители, што го прави трет најнаселен остров во светот.

8. Островот Викторија

Овој остров има површина од 217 291  квадратни километри, што го прави вториот по големина остров во Канада. Се карактеризира со стрмни брегови и многубројни заливи. Името го добил по кралицата Викторија. Овој остров има исклучително блага клима, најблага во Канада, а на Канаѓаните им служи како место за бегство од секојдневната градска гужва.


7. Хоншу

Хоншу е дел од групата Јапонски острови и претставува најголемиот јапонски остров, а воедно и најнаселен. На него се наоѓаат најголемите јапонски градови Кјото, Токио и Осака. Тој е и вториот најгусто населен остров во светот со население од над 104 милиони жители. Зафаќа површина од 227,898 квадратни километри, вкупно 60% од јапонската територија.


6. Суматра
Суматра се наоѓа во западна Индонезија и припаѓа на групата острови наречени Сунда. Зафаќа површина од 473,481 километри квадратни и е населена со над 50 милиони жители. Најголемите туристички дестинации се природните убавини што во изобилство ги има на овој остров, а тоа се вулканите, езерата и џунглата.


5. Бафинов остров

Бафинов остров е најголемиот остров во Канада со површина од 507,451 километри квадратни. Иако зафаќа голема површина, заради неговата местоположба и климатските услови слабо е населен со околу 13.000 жители. Најголемиот дел од населението го сочинуваат Ескимите.


4. Мадагаскар

Претставува островска држава која се наоѓа на континентот Африка во неговиот југо-источен дел, сместена во Индискиот Океан. Зафаќа површина од 592,800  километри квадратни што го прави да е четвртти најголем остров во Светот, воедно и втора најголема островска држава. Овој остров е познат по тоа што претставува дом на голем број видови на растенија и животни кои не можат да се најдат на друго место во светот, па затоа го нарекуваат и остров со најголема биолошка разновидност во светот. 


3. Борнео

Островот Борнео претставува најголемиот азиски остров сместен во југо-источниот дел од континентот и е дел од групата острови наречени Сунда. Овој остров зафаќа површина од вкупно 748,168 километри квадратни. 73% од островот е под територијата на Индонезија, а останатиот дел припаѓаат на Малезија и Брунеј. Островот е дом на најстарата прашума во светот, за која се претпоставува дека е стара над 140 милиони години.


2. Нова Гвинеја

Вториот по големина остров во светот е дел од регионот Океанија кој се наоѓа во југо-западниот дел од Тихиот Океан и претставува дел од групата на големи острови во Тихиот Океан наречени Меланезија. Од Австралија е одвоен со протокот Торес. Зафаќа површина од 785,753 километри квадратни. Островот е населен со околу 15 милиони жители кои зборуваат на над илјада различни јазици. Климата на овој остров е претежно тропска, а просечната температура е околу 22 степени.


1. Гренланд

Гренланд е најголемиот остров во светот кој зафаќа површина од 2,166,086  километри квадратни. Сместен е во  крајниот северен дел од Атланскиот Океан и претставува дел од територијата на континетот Северна Америка.  Повеќе од една третина од островот е покриена со ледена покривка. Населението главно го сочунуваат Инуитите. Гренланд е дом и на најголемиот национален парк во светот - Северо-Источен Гренланд.





Литература:

1.https://www.thecanadianencyclopedia.ca/en/article/ellesmere-island
2.https://www.thecanadianencyclopedia.ca/en/article/ellesmere-island
3.https://www.britannica.com/place/Honshu
4.https://the-islands-of-indonesia.com/islands/sumatra/
5.https://www.britannica.com/place/Baffin-Island
6.https://www.cia.gov/the-world-factbook/countries/madagascar/
7.https://www.britannica.com/place/New-Guinea
8.https://www.britannica.com/place/Greenland


    Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија

Post a Comment

0 Comments