Кои се најодалечените градови
во Република Македонија
во Република Македонија
Кога станува збор за најодалечени градови во Република Македонија се мисли на градови кои се наоѓаат најблиску до границите на нашите соседи според страните на светот. Па така, во продолжение ќе прочитате кои се тие градови, некои нивни каратеристики и што ги прави интересни истите.

самата граница со Република Бугарија, во областа Малешевија, и претставува најисточен град во Република Македонија. Се наоѓа на оддалеченост од 10 километри северно од градот Берово и 27 километри јужно од градот Делчево. Сместен е на двата брега на Пехчевска Река, под падините на планината Влаина помеѓу Беровската и Делчевската (Пијанец) Котлина на надморска височина од 1000 метри и претставува втор највисок град во Република Македонија. Според последниот попис од 2021 година во градот Пехчево живеат 2471 жител.
се наоѓа Дебарското Езеро, познато и како акумулација Шпиље, кое се снабдува со вода од реките Црн Дрим и Радика. Ова езеро наменето е за производство на електрична енергија и наводнување, но во последните години стана актуелно и за спортско-рекреативни и туристички цели. Градот Дебар е познат и по бањите и тоа Бања Бањиште и Бања Косоврасти. Според последниот попис од 2021 година во градот Дебар живеат 11,735 жители.
Градот Крива Паланка е мал и симпатичен град кој се наоѓа во крајните северо-источни
делови од Република Македонија и претставува најсеверниот град во нашата држава.
Сместен е во котлината Славиште (Кривопалнечка Котлина) помеѓу Осоговските Планини
на југ и планините Герман и Билино на север на надморска височина од 645 метри.
Распорстранет на двата брега на Крива Река. Крива Паланка е основана во 1633 година, како
утврдено место на патот што водел за Бугарија, со цел заштита на преминот во
Криворечката Клисура. Во прво време местото имало стратегиска функција и го
заштитувал градот од ограбување. Во XVII век, со развојот на рударството во
Кратовско паралелно се развивало и во североисточниот регион, носејќи ја
железната руда во Крива Паланка која понатаму се доработувала. Поради ова
ковачкиот занает бил еден од најбројните во оваа општина во XVII и XVIII век.
Денес градот е претпознатлив по еден од најпознатите манастири во Република
Македонија, Манастирот Св. Јоаким Осоговски. Се наоѓа во близина на градот
Крива Паланка на три километри североисточно од центарот, на падините на
Осоговските Планини. Изграден е уште во времето на византискиот император
Манојло (1143-1180 г.), а посветен му е на чудотворецот чие име го носи. Според последниот попис од 2021 година во градот Крива Паланка живеат 13,481 жители.
Според последниот попис од 2021 година во градот Битола живеат 71,808 жители.
Литература:
https://tribuna.mk/wp-content/uploads/2023/07/thumbnail_Saat-kula-vo-Bitola-4-hmkaaL.jpeg
Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија
0 Comments