Најисточната населба
во Република Македонија
во Република Македонија
Старо
Коњарево е село кое се наоѓа во областа Подгорје, во
подножјето на планината Беласица на надморска височина од 360 метри. Од градот
Струмица е одалечено 32 километри. Припаѓа во Општина Ново Село и со својата
местоположба до самата граница со Република Бугарија претставува најисточната
населба во Република Македонија. Низ селото тече реката Стар Дол,
која го дели на два дела. Во ова село се наоѓаат неколку установи и тоа ООУ
„Мануш Турновски“, Месна заедница и Црквата „Св. Спас“, која претходно се викала
„Св. Атанас“ но по пожарот кој ја зафатил во средината на XX век, била
преименувана.
Постојат записи дека селото било
населено уште од Антиката, за кое говорат и неколку археолошки наоѓалишта:
- Голема Трпеза — археолошко наоѓалиште од неолитско време;
- Градиште — археолошко наоѓалиште од доцноантичко време;
- Кале — археолошко наоѓалиште од доцноантичко време;
- Соколче — археолошко наоѓалиште од доцноантичко време;
- Сред Село — археолошко наоѓалиште од доцноантичко време;
Потоа, селото се спомнува и во средниот век. По втората светска војна во селото живееле 570 жители. Најголем број на жители во Старо Коњарево имало во периодот од 1971 -1991 година. Денес во селото живеат околу 300 жители.
Постои интересна легенда за потеклото на името на денешното село, па така според неа, името на селото е изведено од зборовите „КОЊ” и „РЕВ”, кои имаат значење на „коњско ревање”. Легендата вели дека на просторот на село Коњарево и пошироко во Кључката Клисура, на 29 јули 1014 година била заробена војската на македонскиот цар Самоил во битка против визнатискиот император Василиј Втори. Коњите, по загинувањето на македонските борци, останувајќи без своите стопани, почнале тажно да реват, па според ревот на коњите, селото е наречено Коњарево. По основањето на селото Ново Коњарево, ова село е преименувано во Старо Коњарево.
Литература:
https://www.strumicacity.com/archives/114261
Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија
0 Comments