Последно

8/recent/ticker-posts

Која е најсеверна населба во Република Македонија?


Најсеверната населба 
во Република Македонија



М’гленце е село кое се наоѓа во областа Козјачија и припаѓа на Општина Старо Нагоричане. Сместено е во северните падините на планината Козјак на надморска височина од 635 метри во непосредна близина на границата со Република Србија со што претставува најсеверната населба во Република Македонија. Негова најблиска населба е селото Буковљане кое се наоѓа на 1.3 km јужно од него.      Од градот Куманово е одалечено 41 километар. Поради својата положба, М’гленце комуникациски е многу подобро поврзано со Србија отколку со Македонија.
Село М'гленце е село од разбиен тип кои се каратеристични за овој крај. Тие се составени од поголем број на маала одалечени едни од други и зафаќаат поголема површина од селата со збиен тип. Селото М'гленце составено е од девет маала.

              Сателитска снимка од село 
М'гленце 
 
                 Едно од маалата во село М'гленце

Во минатото во ова село живееле поголем број на жители кои со текот на времето заради подобри услови мигрирале. Голем дел од нив мигрирале во соседна Република Србија. Па така, според податоците од 1900 и 1905 година во ова село живееле 400 жители. По втората светска војна населението броело 206 жители и во следните неколку години се зголемувало. По осамостојувањето на Република Македонија во М’гленце живееле 137 жители. Со последниот попис од 2021 година во ова село живеат само 14 жители од кои десет се мажи и четири жени. Шестмина од нив се Срби, а за останатите нема податок. овие четеринаесет жители живеат во пет различни домаќинства. Најмладите жители на оваа село се во раните четириесети години (маж и жена), додека пак четворица мажи се во возрасната група од 45 до 49 години. Двајца мажи се во раните педесети, а една жена во доцните педесети години. Останатите четворица мештани имаат над 70 години, од кои еден маж во моментот на пописот имал и над 85 години.


Литература:




Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија 

Post a Comment

0 Comments