Последно

8/recent/ticker-posts

„Село на крајот од Светот“

Село Кодера - Италија


Селото Кодера е мало село кое се наоѓа во провинцијата Сондрио, во крајниот северен дел од регионот Ломбардија. Сместено е во северниот дел на Италија на падините на Алпите на надморска височина од 825 m во близина на познатото Езеро Комо. Од најблискиот град Нова Мецола (Novate Mezzola) е одалечено 2.71 km. 


Иако се наоѓа блиску до градот Нова Мецола (Novate Mezzola), но и до други населени места, сепак селото е изолирано бидејќи до него не води ниту еден пат.  Малото планинско село Кодера претставува единственото постојано населено место во Италија до кое не може да се стигне со автомобил или пак жичара. Освен со хеликоптер, единствената опција да се стигне до селото е да се оди пешки. Па од таа причина селото го краси епитетот „Село на крајот од Светот“. 

               Панорама на Селото Кодера

Во селото живеат само 9 жители иако некогаш биле многу побројни и нивната бројка достигнувала и до 600 жители за што сведочат големиот број на куќи и старата црква. Поголемиот дел од жителите денес се стари лица, а останатите се бават најчесто со сточарство. Во селото има и 3 ресторани. За да се снабдат со најосновните продукти кои им се потребни за живот жителите користат хеликоптер за да им ги достави до селото, но не го користат како превоз до градот Нова Мецола (Novate Mezzola)бидејќи чини 3300 евра од лет. Па така, доколку имаат потреба да отидат до градот одат пешки. 





Селото е посетено и од голем број на туристи, домашни, но и странски особено оние кои се љубители на природата и планините, бидејќи за да се стигне пешки до селото потребни се околу два часа искачување каде првата третина е доста стрмна, но потоа патеката до селото е прилично лесна и не толку стрмна. Искачувањето започнува од паркингот на излезот од градот Нова Мецола (Novate Mezzola). 

             Рута на пешачката патека до селото Кодера







Литература:

1.https://italia.indettaglio.it/eng/lombardia/sondrio_novatemezzola_codera.html
2.https://aulacdecomo.it/en/codera/
3.https://www.tvsvizzera.it/tvs/qui-italia/valchiavenna_codera--dove-le--aquile-randagie--salvarono-numerose-vite/46488858
4.https://www.komoot.com/highlight/238670
5.https://fai-platform.imgix.net/uploads/74ab8ab6-606a-4513-8068-aca8941ede11.jpg?
crop=fit&w=1440&h=800&auto=format,compress
https://www.mindat.org/imagecache/40/26/01516580015089571023497.jpg



Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија 









Post a Comment

0 Comments