Последно

8/recent/ticker-posts

Каде најблиску се доближуваат Русија и САД?

„ОСТРОВИТЕ ВЧЕРА И УТРЕ“



Познато е дека Русија и САД, односно континентите Азија и Северна Америка се одвоени со Беринговиот проток кој е 
широк 85 km и се наоѓа помеѓу 'ртот Дежњев кој претставува најисточната точка  на азискиот континент и 'ртот Принц од Велс кој претставува најзападната точка на северноамериканскиот континент. Меѓутоа Русија и САД се оддалечени една од друга многу помалку од овие 85 km. Во самиот Берингов проток се наоѓаат два острова Голем Диомед и Мал Диомед. Голем Диомед е дел од територијата на Русија, додека пак Мал Диомед е дел од територијата на САД, па така овие две држави се оддалечени една од друга само околу 4 km. Овие два острова се нарекуваат со интересни имиња „Островите вчера и утре“. Наречени се така бидејќи двата острова се наоѓаат на двете страни од Меѓународната линија за датум што минува низ Тихиот Океан и ја означува границата помеѓу еден календарски ден и следниот, односно помеѓу нив се наоѓа 180 меридијан кој претставува датумска граница. Во овој случај поголемиот остров Голем Диомед е речиси еден ден (21 час) пред својот помал сосед  Мал Диомед.
Островите своето име го добиле по Свети Диомед кој живеел во 3 и 4 век од новата ера. Биле откриени од страна на морепловецот Витус Беринг, кој го нарекол Беринговиот проток според себе а бил откриен на 16 август 1728 година. Токму 16 август е денот во рускиот православен календар кога се слави Свети Диомед.


Поголемиот остров, Голем Диомед  има површина од 10 километри квадратни и е дел од автономната област Чукотск во Русија. Овој остров е ненаселен, односно во него нема постојано население. Сепак претставува важна место бидјќи тука се наоѓа важна руска метеоролошка станица. На исток од него се наоѓа островот Мал Диомед, кој е дел од Алјаска (САД). Зафаќа површина од 6,3 километри квадратни. За разлика од Голем Диомед овој остров е постојано населен со луѓе, со народите Чукчи кои се вешти морепловци. Тие живеат на западниот брег на островот во селото Диомед. Според последниот попис од 2021 година во селото живееле 82 жители.

                Островот Голем Диомед


Село Диомед на островот Мал Диомед

Во текот на зимските месеци, меѓу двата острова се формира дебел лед и на некој начин тоа претставува леден мост што овозможува, иако тоа е нелегално, да се пропешачи меѓу двата острова и на тој начин да се „патува низ времето“.







Литература:

https://eoimages.gsfc.nasa.gov/images/imagerecords/91000/91638/diomedes_vir_2017153.jpg
https://www.britannica.com/place/Bering-Sea
https://www2.census.gov/programs-surveys/popest/tables/2020-2021/cities/totals/SUB-IP-EST2021-POP-02.xlsx
https://mf.b37mrtl.ru/rbthmedia/images/2017.11/original/5a002cc685600a79ec7820b2.jpg


Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија 

Post a Comment

0 Comments