Последно

8/recent/ticker-posts

Држави кои имале исти знамиња

 Две држави кои се појавиле на Летните олимписки игри во Берлин, Германија во 1936 година 
со исто знаме


Националното знаме ги претставува верувањата, историјата, аспирациите и статусот на една земја. Па така сите држави во светот имаат дизајнирано свое национално знаме со специфични значења за нивните симболи и бои. Повеќето држави ги менувале своите знамиња во текот на нивната историја, пред се поради политички причини но и важни историски настани во земјата. Таков е случајот и со Република Македонија кога го променила своето национално знаме во 1995 година. 

                       Национално знаме на Република Македонија 
                            од 1992-1995 година  

               
    Национално знаме на Република Македонија
од 
1995 година  
   
Денес секако нема две исти национални знамиња, но постојат некои знамиња кои имаат голема сличност. Таков е примерот со државите Чад и Романија, Република Ирска и Брегот на Слоновата Коска, Луксембург и Холандија итн. Меѓутоа, инетересен е податокот дека имало случај кога во текот на историјата, две земји имале исто национално знаме, секако без да го знаат тоа. Тоа се државите Лихтенштајн и Хаити. Едната, Лихтенштајн се наоѓа во Европа сместена помеѓу државите Швајцарија и Австрија, додека пак Хаити е дел од Карипското Море и заедно со државата Доминиканска Република го делат островот Хиспањола. Долго време Хаити и Лихтенштајн го користеле истиот дизајн како национално знаме без да знаат. Националното знаме на двете земји било двобојно знаме кое имало две хоризонтални ленти со еднаква големина на сина и црвена боја. 

Националното знаме на Лихтенштајн и Хаити до 1936 година

За време на Летните олимписки игри во 1936 година во Берлин, Германија, на претставувањето на државите и спортистите  се случил интересен момент, за многумина дури и зачудувачки кога државите Лихтенштајн и Хаити се појавиле со своето (исто) национално знаме па така дознале дека двете држави имаат исто знаме. Ова бил доста интересен момент што предизвикало големо внимание во меѓународната јавност. По ова откритие, двете земји решиле да ги модифицираат своите национални знамиња со додавање на некои симболи, но задржувајќи ги оригиналните бои на знамето. Денес, двете знамиња остануваат слични по боја, со единствена разлика во симболите и нивната положба на знамињата.


Националното знаме на Хаити од 1936 година

Денешното двобојното знаме на Хаити се состои од две сини и црвени хоризонтални ленти со еднаква големина на врвот и на дното. Во центарот на знамето е бел квадрат кој го содржи грбот на Хаити кој бил додаден на знамето по Олимпијадата во 1936 година во Берлин, Германија. Грбот се состои од збир на оружје кои се наоѓаат на зелен рид и кралска палма. Оружјето ја симболизира подготвеноста на земјата да ја брани својата слобода, додека кралската палма ја симболизира нејзината независност. На врвот на кралската палма се наоѓа фригиската капа. Зелениот рид има лента со мотото „Единството е сила“ (L’Union Fait La Force).


Националното знаме на Лихтенштајн од 1936 година


Националното знаме на Лихтенштајн е двобојно знаме кое е составено од две еднакви хоризонтални ленти од црвена и сина на дното и на врвот. Знамето има златна круна на во горниот лев дел од сината лента. Златната круна била додадена на знамето во 1937 година, само една година по Олимпијадата во Берлин, Германија во 1936 година. Боите и симболите на националното знаме на Лихтенштајн имаат политичко, регионално и културно значење. Сината боја го симболизира небото во текот на денот, додека црвената боја ги означува „вечерните огнови“ осветлени во повеќето домови ширум земјата. Круната го симболизира единството на народот и нивниот принц.

Изгледа било потребно две мали држави од различни континенти да се појават на големо натпреварување како што се Летни олимписки игри за да не уверат дека сепак е можно две држави да користат исто национално знаме без да го знаат тој податок. Но, во денешно време тоа е речиси невозможно да се случи.


Литература:

https://www.worldatlas.com/articles/which-two-countries-used-to-have-the-same-flag.html


Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија 

Post a Comment

0 Comments