Национални знамиња
кои користат звезда како симбол
Добро е познато дека национални обележја на една држава се националното знаме, грбот и химната. Знаме е парче ткаенина што претставува и симболизира одредена држава, народ или нација. Дизајнот на националното знаме понекогаш може да се менува со појава на важни историски настани или политички одлуки. Најчесто знамињата имаат правоаголна форма, но исто така може да бидат и во форма на квадрат, додека пак исклучок е знамето на државата Непал кое e составено од два триаголника подредени еден под друг.
Националното знаме е дизајнирано така, да на него се прикажуваат специфични значења за одредена држава и народите преку неговите бои и симболи кои исто така може да се користат одвоено од знамето како симбол на нацијата. Најчесто користени симболи на националните знамиња се сонцето, ѕвездите, месечината, градби, животни, птици,дрва или растенија, крстови, оружја, штитови итн.
Во светот постојат 60 држави кои го користат сонцето како симбол.
* Од континентите Европа и Азија се: Босна и Херцеговина, Кина, Макао, Малезија, Јордан, Непал, Северна Кореја, Сингапур, Пакистан, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Виетнам, Сирија, Турција, Азербејџан и Израел.
* Од континетот Африка се: Алжир, Ангола, Буркина Фасо, Камерун, Централна Афричка Република, Кабо Верде, Комори, ДР Конго, Џибути, Гана, Гвинеа Бисау, Либерија, Либија, Мавританија, Мароко, Сан Томе и Принципе, Сенегал, Сомалија, Јужен Судан, Того, Тунис и Зимбабве.
Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија
0 Comments