Последно

8/recent/ticker-posts

Национални знамиња со најчесто користени симболи - Трет дел

                                                              Национални знамиња 

кои користат месечина како симбол


Добро е познато дека национални обележја на една држава се националното знаме, грбот и химната. Знаме е парче ткаенина што претставува и симболизира одредена држава, народ или нација.  Дизајнот на националното знаме понекогаш може да се менува со појава на важни историски настани или политички одлуки. Најчесто знамињата имаат правоаголна форма, но исто така може да бидат и во форма на квадрат, додека пак исклучок е знамето на државата Непал кое e составено од два триаголника подредени еден под друг. 
Националното знаме е дизајнирано така, да на него се прикажуваат специфични значења за одредена држава и народите преку неговите бои и симболи кои исто така може да се користат одвоено од знамето како симбол на нацијата. Најчесто користени симболи на националните знамиња се сонцето, ѕвездите, месечината, градби, животни,  птици,дрва или растенија, крстови, оружја, штитови итн.




Bo светот има тринаесет држави на чие знаме се наоѓа месечината како главен симбол. Пред се тоа се земјите каде е доминантен исламот како религија. Овие држави се распорстранети само во два континенти и тоа во Азија и Африка. Некои од овие држави на своето знаме имаат и ѕвезда па затоа се спомнати и во вториот дел од оваа серија на статии. 


Знаме на Алжир


Знамето на Алжир  е националното знаме на државата кое е составено од две вертикални ленти во зелена и бела боја со црвена полумесечина и црвена ѕвезда во средина. Белата боја го симболизира мирот, зелената ја претставува убавата природа, додека пак црвената ја претставува крвта која е пролиена за независноста на државата.  Ѕвездата и полумесечината го симболизираат исламот како доминантна религија во државата.


Знаме на Азербејџан


Знамето на Азербејџан се состои од три еднакви обоени правоаголници поставени едно под друго - сина, црвена и зелена, во сооднос на ширина и должина од 1:2. Во средината на црвеното поле се прикажани бела полумесечина со бела ѕвезда. Сината боја го означува турското потекло на народот, црвената ја симболизира европеизацијата и прогресот на државата, додека пак зелената го симболизира исламот како доминантна религија.


Знаме на Коморите (Коморски Острови)


Знамето на Коморите (Коморски Острови) било дизајнирано во 2001-та година, а официјално како национално знаме било усвоено на 7 јануари 2002 година. На знамето се наоѓаат полумесечина и четири ѕвезди.
Дизајнот на знамето се состои од бела полумесечина со четири бели ѕвезди во внатрешноста на зелен триаголник. На знамето се наоѓаат четири ленти, кои ги претставуваат четирите острови на нацијата: жолтата е за Мохели, белата лента е за Мајоте, црвено е за Анјоуан, и сината лента е за Гранде Коморе. 
Ѕвездата и полумесечината го претставуваат исламот што воедно е и официјална вера во Коморите.


Знаме на Либија


Националното знаме на Либија прв пат било воведено во 1951-та година, по создавањето на Кралството Либија. Дизајнирано било од страна  на Омар Фаиек Шениб а одобрено од страна на кралот Идрис Ал Сенуси. 
Знамето било укинато по падот на Кралството Либија во 1969 година, а владателот Моамер ел-Гадафи оттогаш применил неколку други различни знамиња, но денешното знаме било дизајнирано  од страна на Националниот преоден совет по падот на Моамер ел-Гадафи на 3 август во 2011-та година.
Знамето се состои од три правоаголници, два помали во црвена  и зелена боја и  една  двојно поголема од ширината на надворешните ленти која се наоѓа во средина и е во црна боја. 
Во центарот на знамето се наоѓаат белата ѕвезда и полумесечината.

Знаме на Мавританија


Знамето на Мавританија било дизајнирано да на зелена основа се наооѓаат златната ѕвезда и полумесечината. Тоа било старото национално знаме кое било воведено под инструкции на претседателот Моктар Оулд Дада од 22 март 1959 година, а било официјално усвоено на 1 април истата година. 
На 5 август 2017 година, претседателот Мохамед Оулд Абдел Азиз одржал референдум за промена на националното знаме, укинување на Сенатот и други уставни амандмани. Референдумот бил успешен, а знамето било изменето и биле додадени две црвени хоризонтални ленти, кои ги претставуваат „напорите и жртвите на кои народот на Мавританија ќе продолжи да се согласува, по цена на својата крв, да ја брани својата територија“. Знамето било усвоено навреме за неговото прво подигање на 28 ноември 2017 година, на 57-годишнината од независноста на Мавританија од Франција.



Знаме на Малдивите



Знамето на Малдивите е црвено знаме со зелен правоаголник во средината во кој се наоѓа вертикална бела полумесечина. Ова знаме било усвоено на 25 јули 1965 година. Црвената боја ја симболизира храброста на националните херои и нивната спремност да се жртвуваат за татковината. Зелената боја ги претставува кокосовите палми на островите. Белата полумесечина го претставува исламот како доминантна религија во земјата.


Знаме на Малезија



Знамето на Малезија е дизајнирано така да на него има 14 ленти, од кои седум се во бела боја и седум се во црвена боја. Во горниот лев агол се наоѓа син квадрат на кој има приказ на златна полумесечина и златна ѕвезда со 14 краци која е позната под името „федерална ѕвезда“. 14-те ленти ги означуваат 13-те федерални држави на Малезија и федералната влада, додека пак 14-те краци ја претставуваат обединетоста на федералните единици. Полумесечината го симболизира исламот додека сината боја ја означува обединетоста на Малајците.


Знаме на Пакистан


Знамето на Пакистан е дизајнирано од страна на Сјед Амир-удин Кедваи. Ова знаме се заснова на знамето на Муслиманската лига, кое пак потекнува од знамето на Могулското Царство од Индија. Пакистанското знаме е усвоено на уставно собрание на 11-ти август 1947 неколку дена пред независноста на државата.

Знамето е составено од два разлини правоаголници, бел кој е помал и зелен кој епоголем и во него се наоѓаат бела полумесечина и бела ѕвезда. Зелената боја ги претставува муслиманите во земјата. Белата боја ги претставува религиозните малцински групи, додека пак Месечината и ѕвездата претставуваат прогрес.


Знаме на Сингапур


Знамето на Сингапур официјално е усвоено во 1959 година кога Сингапур станала самоуправувачка територија на Велика Британија. Кога државата се стекнала со целосна независност, знамето станало и национално на 9 август 1965 година. Знамето на Сингапур е составено од две хоризонтални ленти во црвена и бела боја. На црвната лента има приказ на бела полумесечина и пет ѕвезди. Црвената боја симболизира универзално вратство и еднаквост на луѓето, а белата боја ја симболизира чистотата. Полумесечината симболизира млада нација, додека ѕвездте ги претставуваат демократијата, мирот, прогресот, правдата и еднаквостта во државата.


Знаме на Тунис


Знамето на Тунис  првпат било усвоено во 1831 година во времето на бегот Хасан I. По тоа дошло до помали измени. За време на Француската колонизација ова знаме не било користено. По стекнувањето на независноста, Тунис повторно го усвил ова знаме.
Се состои од црвена основа на која во средината се наоѓа бел круг со црвена ѕвезда и полумесечина. Ова е симбол на поврзаноста со Отоманското Царство од кое Тунис бил дел, но исто така е традиционален симбол на исламот. Исто така се смета дека овој симбол носи среќа.


Знаме на Турција


Националното знаме на Турција, е црвено знаме на која се прикажани амблеми на бела ѕвезда и полумесечина, истакнат симбол на Отоманската империја, а во современо време се користело како национален симбол за некои земји и  симбол на исламот. Турското знамето често се нарекува „црвено знаме“ и се спомнува како „црвено знаме“ во турската национална химна. Мерките, геометриските пропорции и точниот тон на црвената боја на знамето на Турција биле законски стандардизирани со Законот за турското знаме на 29 мај 1936 година.


Знаме на Туркменистан


Знамето на Туркменист било воведено како знаме на Туркменистан на 27 септември 1992 година за да го замени знамето од советската ера, кое се состоеше од црвена позадина со две светло сини ленти во средината. Изменетата денешна верзија на знамето со сооднос 2:3 била усвоена на 23 јануари 2001 година. Денот на државното знаме и Уставот се слави на 18 мај.
Знамето е зелено со вертикална лента во црвена боја од страна на знамето на која се претставени пет шари од тепих наредени над две вкрстени маслинови гранки слични на оние на знамето на Обединетите нации. До лентата се наоѓа бела полумесечина и над неа се наоѓаат пет бели петокраки.
Зелената и црвената боја се сметаат за историски за Туркменците. Белата полумесечина означува надеж на народот за подобра иднина додека пак ѕвездите ги претставуваат петте региони на земјата и петте столбови на исламот.
Петте шари од тепихот ги симболизираат петте најголеми туркменски племиња. Венецот од маслинка означува неутралност на земјата.

Знаме на Узбекистан

Знамето на Узбекистан како национално знаме било усвоено на 18 ноември 1991 година по стекнувањето на независност о поранешниот Советски сојуз. Знамето се состои од три големи во сина, бела и зелена боја и две мали хоризонтални ленти во  црвена боја. На сината лента има полумесечина со 12 ѕвезди. Сината боја го симболизира небото и водата како извор на живот. Белата боја го симболизира мирот и чистотата на душата. Зелената боја ја симболизира природата, богатството и исламот. Црвената боја претставува виталната енергија која ја поврзува земјата со небото. Полумесечината означува раѓање на државата, а ѕвездите се поврзуваат со сончевиот календар и дванаесетте принципи на управување на државата.



Литература:

https://worldpopulationreview.com/country-rankings/countries-with-moon-and-stars-flags
https://media.istockphoto.com/id/529125584/vector/moonlight-night.jpg?b=1&s=612x612&w=0&k=20&c=qTW3aYMkD3TxDsAkxZBEslKe-d9LRjH8QOpgSkodhBo=
https://wallpapercave.com/wp/wp4204664.jpg
https://www.motosha.com/files/preview/1280x711/1490-flag-of-azerbaijan.jpg?size=large%20850w
https://www.flagsonline.it/uploads/2016-9-2/1200-0/comoros.jpg
https://i.kinja-img.com/image/upload/c_fill,h_900,q_60,w_1600/53f3bfb5d282b8178184a212c8184f5b.jpg
https://cdn.britannica.com/36/4036-050-37052A78/Flag-Singapore.jpg
https://www.flagsonline.it/uploads/2016-6-6/1200-0/turkmenistan.jpg



Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија 

Post a Comment

0 Comments