Последно

8/recent/ticker-posts

„Град под еден покрив“

 Градот Витиер - Алјаска


Во светот постојат разни типови на градови кои се необични на свој начин и се издвојуваат од останатите градови на кои сме навиканти. Секој од овие необични градови има своја приказна која што го прави да биде токму таков, необичен, карактеристичен и интересен за луѓето. Но за да се искуси сета таа приказна потребно е да се посети тој град или пак да се претстојува одреден период за да може сето тоа да се доживее од аспект на жителите кои живеат во него. 

Кога зборуваме за градови кои се необични или каратеристични може да издвоиме градови на висока надморска височина, градови во пустински предели, градови во крајните северни делови од планетата земја итн.

Во оваа статија ќе се запознаеме со еден сосема различен град од сите и ќе дознаеме што е тоа што го прави необичен и каков е начинот да се живее во него. 

Градот или гратчето Витиер се наоѓа на јужниот брег на Алјаска лоциран 93 km југоисточно од најнаселениот град во Алјаска, Енкориџ и е една од најмалку населените населби во Алјаска. Не зафаќа голема површина и е распространето на само 50.86 километри квадратни од кои 31.73 се копно а останатите 19.13 се водена површина.



Областа на кој е изграден денешниот град Витер некогаш била дел од транспортната рута на домородното население Чугач. Подоцна, областа била користена од руски и американски истражувачи, како и од рударите кои изтражувале за време на Златната треска на Клондајк. Во близина на овој град се наоѓа еден глечер кој бил наречен Глечер Витиер  именуван по поетот Џон Гринлиф Витиер во 1915 година, а подоцна кога се создала и населбата, градот го добил истото име. 

                        Глечерот Витиер

Историски гледано градот почнал да се развива и населува во периодот на втората светска војна каде биле изградени неколку објекти меѓу кои и воен објект за потребите на армијата на САД, а нешто подоцна за време на студената војна во градот била изградена зграда која била наменета за да се сместат војници кои се наоѓале во оваа област. Зградата била дизајнирана на тој начин што жителите можеле да останат внатре со недели за време на интензивни временски услови. Нејзиниото име е Begich Towers Condominium. Од овој период започнува населувањето на градот. 
Првите официјални подaтоци за стално население во Витиер датираат од 1969 година. Денес во Витиер живеат околу 260 жители или според последните статистички информации од 2023 година 263 жители. И сите овие жители живеат во една иста зграда, токму онаа која била наменета за војниците, а била изградена во 1957 година. И затоа овој град се смета за еден од најнеобичните и го краси епитетот „Град под еден покрив“.
Денес зградата е реновирана и модернизирана која е висока 14 ката и е составена од три кули кои се поврзани една со друга. Помеѓу нив има празнини од околу 20cm кои им овозможуваат на зградите да се нишаат кога ќе се појават екстремени ветрови или земјотреси. Во внатрешноста на самата зграда се наоѓаат сите неопходни работи кои се потребни еден град да функционира како што се маркет, здравствена установа, пошта, полиција, па дури и црква која се наоѓа во подрумските простории. Внатре во зградата има големи и разгранети ходници како и лифтови кои им овозможуваат на жителите пристап до сите простории на комплексот. Во состав на оваа зграда има и училиште кое е поврзано со кулите преку тунел. Апартманите во зградата се двособни, трособни и четрисобни. На последните два ката еден од жителите поседува станови за изнајмување и преноќување. 
На овој начин со сите овие услови жителите не се приморани да ја напуштат зградата со недели и месеци, во случај на екстрмни временски услови, но се верува дека некои жители неколку години не ја напуштиле зградата бидејќи едноставно немале потреба. Во близина на зградата се наоѓа и единствениот ресторан, но во градот има неколку кафулиња.
Бидејќи градот Витер излеува на море во него се наоѓа и пристаниште. Покрај пристаништето во градот има и парк. Освен самата зграда во која живее целото насееление како најпозната градба е звучниот музеј Принц Вилијамс кој е наменет за историски податоци од Втората светска војна. Во него се наоѓаат голем број на документи, фотографии и експонати кои сведочат за историјата на Витиер како воено пристаниште и железнички терминал, како и за самите планови за военото наследство на Алјаска за време на Втората светска војна и Студената војна.

                         Градот Витиер
 
                                       
Зградата Begich Towers Condominium

                Маркетот во Begich Towers Condominium

                 Ресторан за морска храна и кафуле

                                        Звучниот музеј Принц Вилијамс






Литература:


https://www.whittieralaska.gov/
https://edition.cnn.com/interactive/2015/07/us/whittier-alaska-american-story/
https://www.cruiseportinsider.com/
https://livetravelteach.com/wp-content/uploads/2020/08/Whittier-Alaska-Boat-Tour-2.jpg
https://www.npr.org/2015/01/18/378162264/welcome-to-whittier-alaska-a-community-under-one-roof
https://www.travelalaska.com/sites/default/files/inline-images/Photos%20%20Matt%20Hage%20%20Whittier%20%20MH2010AKTVL20100823517.jpg.jpg
https://www.npr.org/2015/01/18/378162264/welcome-to-whittier-alaska-a-community-under-one-roof
https://www.pwsmuseum.org/


Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија

Post a Comment

0 Comments